Categories
Сцена & Муабети

Во Дубаи ќе се гради најголемиот аеродром во светот

Дубаи објави план за изградба на најголемиот аеродром во светот со димензии колку 19.200 фудбалски игралишта, или како заедно аеродромите во Чикако и лондонскиот Хитроу, објавија медиумите во Обединетите Арапски Емирати.

„Џиновскиот аеродром би требало да биде отворен идната година“, тврдат претставници на аеродромските власти.

Боб Џонсон, главниот директор на компанијата „Дубаи ерлајнс“ изјави дека аеродромот „World central airport“ кој ќе се наоѓа на околу 35 километри од Дубаи ќе може да прифати 120 милиони патници годишно.

Тој на состанок со експерти за авио превоз истакна дека новиот аеродром ќе понуди многу повеќе комфор, помалку бирократија и инспекциски процедури во споредба со останатите светски аеродроми.
„Нашата цел е патниците да ги завршат сите формалности пред влез во авионот за 15 минути“, рече Џонсон.

Од 2001 година бројот на патниците кои го користат постоечкиот Меѓународен аеродром во Дубаи секоја година во просек се зголемува за 125 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *