Categories
Сцена & Муабети

„Дневник за исхрана“ против зголемена тежина

Стручњаците од Светската здравствена одрганизација проценуваат дека најмалку милијарда и пол луѓе во светот имаат зголемена тежина која претставува глобален проблем за возрасните и младите.

Стручњаците од Светската здравствена одрганизација проценуваат дека најмалку милијарда и пол луѓе во светот имаат зголемена тежина која претставува глобален проблем за возрасните и младите. Околу 20 милиони деца помлади од пет години имаат проблеми со тежината. Најголемата здравствена институција во САД „Kaiser“ покрена проект за контролирање на тежината со помош на водење „дневник за исхрана“, кој покажа одлични резултати.

Како што пренесува Гласот на Америка, истражувањето опфатило 1.600 луѓе со зголемена тежина кои во период од 30 месеци запишувале се што јаделе.

Главниот на проектот Виктор Стивенс вели дека оние кои „воделе дневник“ изгубиле два пати повеќе килограми од оние што не запишувале како се хранат.
Според него, доколку запишуваат што се внесува во организмот луѓето ќе имаат предвид што и колку јадат.
Сите учесници во проектот дневно внесувале три овошни оброци и секоја недела по два часа се занимавале со физичка активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *