Се зборува дека Џони Деп ќе биде „Лудиот шеширџија“ во новата филмска адаптација на „Алиса во земјата на чудата“ видена низ објективот на Тим Бартон. Новата адаптација на класичната детска новела напишана од Луис Керол ќе биде седмото заедничко „чедо“ на Бартон и Деп. Премиерата на филмот е закажана за 2010 година.

Се слушаат и гласини дека Џони Деп е во преговори со британскиот режисер, некогашниот монтипајтоновец, Тери Гилиам конечно да се соединат за реализација на долгоочекуваниот филмски проект, „Човекот кој го уби Дон Кихот“. Овој проект влезе во предпродукција во 2001 година, но пропадна поради уметнички несогласувања помеѓу авторот и студиото.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: