Categories
Сцена & Муабети

Disintegration – the Cure

За оваа недела Ви го препорачуваме осмиот студиски албум на Англиските рок алтернативци the Cure – Disintegration

 

АЛБУМ НА НЕДЕЛАТА

Наслов: Disintegration
Изведувач: the Cure
Издаден: 15. Мај 1989 год.
Издавачка куќа: Fiction Records
Времетраење: 71:47

За оваа недела Ви го препорачуваме осмиот студиски албум на Англиските рок алтернативци the Cure. Албумот Disintegration претставува навраќање на групата кон нивните мрачни почетоци од 1980 год. Наближувајќи се кон својот триесетти роденден, во 1988 година фронтменот на групата Роберт Смит добива инспирација да го создаде ремек делото на the Cure. Албумот е производ на спојот на одбивноста на Смит кон новонастанатата популарност и уживањето во халуциногените средства, чие влијание се препознава и додека ги слушате песните од Disintegration.
Меланхолијата која провејува низ албумот, ќе доведе да биде продаден во 2,6 милиони примероци со што ќе стане најпродаван за постоењето на the Cure. Disintegration дебитира како број три на Британскиот топ 40, додека од другата страна на Атлантикот успева се искачи до четиринаесеттото место.

“Бидете среќни доколку на Disintegration најдете мелодичност, ако пак не, молчете засекогаш“
Melody Maker

За разлика од винилното издание кое содржи “само“ 12 песни на
CD-то Disintegration може да се најдат уште две екстра, со што вкупниот број на нумери е 14.

Синглови:
1. Lullaby (издаден април 1989)
2. Fascination Street (издаден април 1989)
3. Lovesong (издаден август 1989)
4. Pictures Of You (издаден март 1990)

За the Disintegration заслугите ги имаат:
Robert Smith – вокал. гитара, бас, клавијатури
Simon Gallup – бас, клавијатури
Porl Thompson – гитара
Boris Williams – тапани
Roger O’Donnell – клавијатури

Dave Allen – продуцент
Richard Sullivan – тон мајстор
Roy Spong – тон мајстор

На Вас останува само да притиснете PLAY … и да слушате гласно!

{auto displayheight=”0″ height=”180″ width=”320″ plthumbs=”true” shuffle=”false” repeat=”list” pbgcolor=”#000000″ pfgcolor=”#cccccc”, phicolor=”#990000″ showstop=”true”}disintegration.xml{/auto}

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *