Categories
Сцена & Муабети

Десет најбизарни ресторани на светот

Ви ги претставуваме десетте најневообичаени ресторани на светот. Повеќето од нив се наоѓаат на истокот.

Ви ги претставуваме десетте најневообичаени ресторани на светот. Повеќето од нив се наоѓаат на истокот.

Канибалистички ресторан /Јапонија/

‘Nyotaimori’ (во превод даска од женско тело), послужува суши и сашими во форма на голо женско тело, поставено на хируршка маса. Гостите можат да ја “оперираат“ жената и да го изедат тоа што ќе го пронајдат во стомакот. Предупредување: од телото тече “крв“ додека се сече.

 

Ресторан – тоалет /Тајван/

Ресторанот наречен “Мортон Теме Ресторан“ во Каошиунг привлекува голем број гости кои уживаат во јадењето послужено на тоалетна школка, писоар или чучавец, седејќи на WC школка.

Масите се направени од кади, покриени со стакло, а осветлувањето доаѓа од преуредени писоари.

“Ние не продаваме само храна, туку и расположение“, го објаснува успехот на ресторанот неговиот сопственик Ерик Ванг. Цените се многу прифатливи.

 

Ресторан во облаци / Белгија/

Вечера во облаци е бриселски ресторан каде се послужуваат оброци за најмногу 22 гости, 50-тина метри над земјата. Посебно дизајнираната маса и столчиња во воздух се дигаат со помош на кран. Вечерата чини осум илјади евра, а може да се ужива на различни локации. Во текот на вечерата задолжително е носењето на безбедносниот појас, а потребно е и да се внимава да не ви испадне нешто од приборот за јадење.

 

Темен ресторан / Кина/

Првиот темен ресторан официјално е отворен во Кина на 23-ти декември 2006 година. Тој се наоѓа во Пекинг, а ѕидовите и мебелот се обоени црно.

Гостите ги дочекуваат и ги носат до масата келнери опремени со инфрацрвени очила. Во ресторанот е забранета употреба на блиц, мобилен телефон, како и на часовници што светат.
Се јаде во комплетна темница. Исклучувањето на останатите сетила би требало да го засили чувството на вкус. Тоалетите, сепак, се осветлени.
Ресторан на гробишта / Индија/

Новиот среќен ресторан во Ахмедабад е изграден врз стари муслимански гробишта. Гробовите се наоѓаат меѓу масите, а ниту самиот сопственик на ресторанот, Кути Наир, не знае кој е закопан во нив.

“Гробовите носат среќа“, вели Наир и го поткрепува ова тврдење со успехот на ресторанот.

 

Затворски ресторан /Италија/

Ресторанот Фортеца Медиче, во строго чуваниот затвор крај Пиза, доживеа толку голем успех, што сопствениците отвориле уште неколку такви.

Гостите ги забавува Бруно, осуден на доживотен затвор, додека под будно око на чуварите, храната ја подготвува екипа од 20-тина затвореници. Маса мора да се резервира неколку недели однапред.
Роботски ресторан /Кина/

Посетителите на ресторанот често се збунети кога ќе видат дека вработените во него работат 21 час без пауза или покажување на знаци на замор. Тајната е во тоа што во него работат две двојки идентични близнаци, кои не можат да се разликуваат.

Еден новинар открил дека 32 годишните близнаци се ожениле за идентични близначки од истиот град и пред три години се преселиле во Јива, за да отворат ресторан.

“Многу луѓе коментираа дека премногу работиме, како да сме роботи“, го објаснува името на ресторанот постариот брат Мао Цангхуа.

 

Ресторан под вода / Малдиви/

Првиот ресторан под вода на светот е отворен во хотелот Хилтон на Малдивите во 2007 година. Итхаа, што значи бисер, се наоѓа пет метри под нивото на Индискиот океан, опкружен е со корални гребени, а оброците поминуваат во “друштво“ на морскиот свет.
Ресторан на кондомите / Тајланд/

Ѕидовите и теписите на овој ресторан се украсени со слики на презервативи, а тие по јадењето, на касата се послужуваат на сите гости. Дури и келнерите со своите невообичаени капи потсетуваат колку кондомите се важни за здравјето. Профитот од овој ресторан е наменет за Здружението за развој на популацијата и општеството.

Медицински ресторан / Тајван/

Овој ресторан е украсен со инвалидски колички и патерици, а храната ја послужуваат медицински сестри. Пијалокот се пие од шишиња за трансфузија. Сопственикот на оваа идеја дошол по престојот во болница и негата што таму му била пружена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *