Categories
Сцена & Муабети

Украден велосипедот на лидерот на британските конзервативци

Непознати крадци, за кои се претпоставува дека се тинејџери, го украле велосипедот на лидерот на британската опозициска Конзервативна партија, Дејвид Камерон.

Непознати крадци, за кои се претпоставува дека се тинејџери, го украле велосипедот на лидерот на британската опозициска Конзервативна партија, Дејвид Камерон.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, инцидентот се слуцил пред една продавница во лондонскиот кварт Нотинг Хил, каде што живее Камерон, додека тој купувал храна.
Во изјавата што ја даде за британските медиуми, Камерон побара од крадците да му го вратат велосипедот, објаснувајќи дека за него тој има поголема вредност отколку што е неговата цената во продавница.

Дејвид Камерон често вози велосипед низ Лондон или кога оди на прошетка со своите деца. Пред да биде избран за лидер на британските ториевци, Камерон секој ден со велосипед одеше на работа од својата куќа во северен Лондон до зградата на Парламентот.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *