Честа да ги затвори Олимписките игри во Пекинг му припадна на Дејвид Бекам, кој воедно ќе ги најави и следните игри во Лондон во 2012 година.

Спектакуларната точка со која и официјално ќе биде означен крајот на игрите предвидува Бекам да пристигне качен на покривот на двокатен лондонски автобус од кој би требало да шутне фудбалска топка кон гледачите.

„Се е подготвено за еден од најголемите спектакли кои некогаш биле видени. Бекам беше воодушевен од идејата тој да ги најави ОИ во Лондон“, изјави претставник на Организацискиот комитет Олимпијадата во Пекинг.

Присутните на стадионот „Птичје гнездо“ и глечите покрај ТВ екраните, на затворањето ќе можат да го слушнат и легендарниот Џими Пејџ од Лед Цепелин, кој ќе пее во дует со ѕвездата Леона Луис.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: