Categories
Сцена & Муабети

Данците најсреќна нација во светот

Данците се најсреќни во светот благодарејќи на демократијата во земјата, социјалната рамноправност и мирната атмосфера за живеење.

Данците се најсреќни во светот благодарејќи на демократијата во земјата, социјалната рамноправност и мирната атмосфера за живеење.

Дека митот за среќните Данци, не е само мит, покажува студијата направена од американскиот Универзитет во Мичиген, кој почнувајќи од 1981 година редовно го следи развојот на благосостојбата во 52 земји во светот, пишува денеска данскиот дневен весник ”Берлингске тиденде”.

Данците се најсреќни во светот благодарејќи на демократијата во земјата, социјалната рамноправност и мирната атмосфера за живеење.

„Сосема сум уверен дека постои врска меѓу мирот и среќата, како и меѓу демократијата и среќата. Данска не е најбогатата земја, но тоа е земја која добро функционира“, рече професор Роналд Инглехарт кој раководел со истражувањето.

Според истражувачкиот тим на Универзитетот во Мичиген, се чини дека среќата генерално се зголемува. Во 40 од земјите опфатени со студијата жителите денес се посреќни во споредба со 1981 година, додека во останите 12 населението се чувствува понесреќно.
Освен Данска, според резултатите презентирани во оваа американска студија, најсреќните луѓе живееат во Порто Рико, Колумбија, Ирска, Исланд, Холандија и Шведска. Најнесреќни се жителите на Зимбабве.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *