Categories
Сцена & Муабети

Црвената планета, порано била водена планета

Минералите откриени во почвата на планетата Марс, покажуваат дека некогаш низ оваа планета течеле реки, имало езера и мориња. Некогаш површината на Марс била прекриена со езера, реки, и други водени површини во кои би можел да се развие живот. Една од поранешните најголеми водени површини на црвената планета е наречена „Ехус Казма“.

Минатата недела модулот „Феникс“ откри траги од мраз на површината на оваа планета, но мразот е во цврста форма прекриен со црвена прашина и е остаток од некои потопли времиња и што е најважно повлажни. Ова е навистина возбудлив момент бидејќи, следните експедиции на Марс би можеле да се приземјат на вакви места, погодни за формирање на колонија, како и продолжување со вечната потрага по живот на оваа засега јалова планета.Минералите се индикатори дека некогаш на Марс имало водени површини.

Научниците на Н.А.С.А со помош на визуелен спектрометар на компактни остатоци, ја посматрале рефлескијата на површината на Марс под сончевите зраци. Тоа овозможило да се откријат видовите на минерали кои ги има во почвата од Марс, посебно интересни се оние минерали кои се создаваат на пониски температури.
„Феникс“, откопал, бела супстанција од површината на Марс, за која научниците веруваат дека е мраз или сол. Но, со оглед дека за неколку дена исчезнала цврсто се убедени дека станува збор за мраз.

Колку овие податоци значат за колонизирањето на нашиот црвен сосед? Многу, според научниците на Н.А.С.А. Марс не бил од секогаш врел котел. Некогаш имало вода на неговата површина, а откривањето на алкалните соли, кои се есенцијални за настанување на живот индицираат дека можеби некогаш и го имало пред околу 4,6 до 3.8 милијарди години.

Бидејќи минералите се по потекло од глина, која знаеме колку е соодветна за зачувување на животот, можеби ќе ни се посреќи и ќе откриеме дека не сме биле сами во сончевиов систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *