Categories
Сцена & Муабети

Големата црвена Јупитерова дамка има конкуренција

Големата црвена Јупитерова дамка има конкуренција. Помала бура се формира во нејзина близина и се очекува нивно спојување.

Големата црвена Јупитерова дамка има конкуренција. Помала бура се формира во нејзина близина и се очекува нивно спојување.

На последните фотографии кои ги направи свемирскиот телескоп „Хабл“ се гледа како во близина на големата црвена дамка, која всушност претставува ураган со неверојатни димензии и  беснее веќе два века на површината на овој гасовит џин и се приближува помал ураган. Оваа помала дамка се појави за прв пат на почетоков на оваа година но, се движеше во обратна насока од големата црвена дамка.

Астрономите предвидуваат дека големата црвена дамка своевремео ќе ја апсорбира помалечката и тоа е една од причините зошто оваа супер бура со векови беснее на површината на Јупитер. Уште една трета супер – бура се формира и станува конкуренција на големата црвена дамка и по големината и по брзината на ветровите кои дуваат во неа а, се со брзина од 172 км на час.

Овие појави индицираат дека најголемата планета во Сончевиот систем поминува низ период на промени кои се предизвикани од промените кои се случуваат во јадрото на планетета, кога знаеме дека Јупитер добива поголема топлина од своето јадро отколку од Сонцето, а од моментите на првите студии за него астрономите му го наметнаа прекарот „неуспешна ѕвезда“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *