Categories
Сцена & Муабети

Синди и во 42-та изгледа прекрасно

Снимена за време на нејзиниот одмор супермоделот покажа колку е исплатливо да се занимаваш со спорт.

Иако технички, Синди Крафорд веќе е поранешен супермодел, оваа 42 годишна мајка на две деца сеуште изгледа прекрасно. Секако дека доколку би сакала, може да сврти еден круг по модните писти и да им “одржи час“ на своите помлади колешки.

 

Блескајќи во полн сјај под сонцето на Сен Тропе, Синди следена од будното око (фотообјективот) на папараците ги покажа своите облини, забавувајќи се на палубата од јахтата на нејзиниот сопруг Ранде Гербер, секако во друштво на нивниот голем пријател Џорџ Клуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *