Од Петокот стапи на сила правилото, сите ланци на ресторани во Њу јорк да мораат во своите менија покрај името на оброкот да ги наведат и калориите со кои е оброкот богат.
Во свет во кој современиот човек има се помалку време и станува роб на лошите навики, како што е брзата храна, во свет каде дебелината, срцевите заболувања, дијабетисот и другите болести, достигнаа застрашувачки бројки, овој потег наиде на одобрување. Иако ние самите не сме свесни, но еден оброк во ресторан за брза храна може да содржи калории кои би требало да ги конзумираме во период од два до три дена.

На пример замислете еден хамбургер од 3000 калории, а да не го споменуваме помфритот или пијалоците кои одат вообичаено со хамбургерот. Експертите за исхрана, Долго време, експертите за храна предупредуваат на лошите навики во исхраната, но овј чекор всушност да видат што јадат и тоа за колку кратко време тоа го внесуваат ќе биде од огромно значење.
Ставањето на бројот на калориите на менијата ќе ги замисли и луѓето кои страдаат од заболувања предизвикани од прекумерното јадење.
Проблемот е во тоа што некои луѓе навистина ќе проверат додека други ќе си продолжат и понатаму со нивните дневни навики и едноставно ќе престанат и да воопшто ги бројат калориите. На крајот на денот ќе си продолжат со тоа што си го правеле и дотогаш.
Ланците на ресторани како „Мекдоналдс“, „БургерКинг“, „Старбакс“ мораат да се согласат со ова ново правило. Имаа доволно време да се подготват за овој голем ден, а оние кои нема да ги направат потребните промени ќе се соочат со казни во висниа од илјадници долари и периодични контроли од страна на инспекторските служби.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: