Познатиот режисер Квентин Тарантино ќе снима нов филм во кој познатата поп пејачка Бритни Спирс, доколку прифати, ќе ја игра насловната улога.

Филмот всушност ќе биде римејк на „Faster pussycat! Kill! Kill!“ класика од 1965 година во режија на Рус Мајер и зборува за три стриптизети кои се впуштаат во „опасниот американски живот“.

Доколку ја прифати новата улога, Спирс во филмот ќе треба да одглуми жешки секс сцени.
„Бритни е идеална за оваа улога. Многу се радувам на соработката со неа, секако ако се согласи“, изјави режисерот Тарантино.
Втората улога на стриптизета во филмот ќе и биде понудена на сексипилната актерка Ева Мендез.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: