Categories
Сцена & Муабети

Бритни Спирс ќе игра за Мадона

 

Во последно време Бритни Спирс е под лупата на јавноста поради услугата која ќе и ја направи на Мадона.

Во последно време јавноста будно внимава на Бритни, ако воопшто некогаш и сме престанале да се инетересираме за оваа млада пеачка. Под будно око и на нејзиниот татко, Џејми, тешко дека ќе може да продолжи со бурниот живот и проблемите кои самата си ги созадаваше. Таа и нејзиниот поранешен дечко Аднан Галиб сеуште контактираат секојдневно преку смс пораки.

Никој не може со сигурност да каже дали има иднина во таа врска, поради целосната контрола врз нејзиниот живот од страна на нејзиниот татко.

Што се однесува до видео записот кој таа треба да го сними за Мадона излегуваат нови информации. Минатата среда таа го започна снимањето на видео спотот, и во него Бритни е во своето „најлудо“ издание.
Видео спотот започнува со монтажа на делови од речиси сите концерти на Мадона, додека вистинската приказна се случува во лифт. Бритни носи на себе сива мантија и започнува со навистина „лошо“ однесување, дури можеме да очекуваме манифестација на вистинска Бритни „кучка“.

После заедничкиот бакнеж пред некоја година на „Ем Ти Ви“ наградите и заедничкиот спот, поп иконата и поп принцезата одат понатаму, најверојатно и овој пат успешно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *