Categories
Сцена & Муабети

Бритни Спирс сака да глуми во садо-мазохистички филм

Поп принцезата е во интензивни преговори за учество во контроверзен филм со садо-мазохистичка содржина. Бритни Спирс ги привршува преговорите за една од рољите во филмот „Кражбата на автомобили во Ноксвил“. Филмот е адаптација на вистинската приказна во која двајца студенти биле наводно киднапирани, ограбени, силовани и убиени во Ноксвил, Тенеси во 2007 година. Шенон Гејл Кристијан и нејзиниот пријател Кристофер Њусом биле малтретирани и убиени во периодот од 6-8 Јануари 2007 година.

Иако учествоте во Ваков проект може да се покаже како добра идеја за кариерата на Бритни, луѓето од филмската индустрија се сомневаат дека таа ќе може да го издржи снимањето на интензивните сцени полни со секс и насилство. Имено според еден од вработените на овој проект, самиот филм ќе биде исполнет со неверојатно брутални садо-мазохистички сцени. Од проектот истакнуваат дека ако станувало збор за обични сцени во кои има секс, Бритни можеби и би можела да даде добра глума, но во овој случај нејзините актерски перформанси ќе мора да се подигнат на сосема ново ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *