Categories
Сцена & Муабети

Со Ботоксот против мигрената

Инекциите на отровот Ботулин, попознат како Ботокс, можат да помогнат во борбата против мигрената.

Инекциите на отровот Ботулин, попознат како Ботокс, можат да помогнат во борбата против мигрената.

Оние луѓе кои патат од акутна мигрена можат спасот од ова заболување да го најдат во Ботоксот. Ова се однесува на оние пациенти кај кои вообичаените орални терапии имаат мал учинок или воопшто никаков.
Во едно испитување во САД кое траеше шест месеци, направено од страна на Др. Роџер Кејди и Куртис Шрајбер, од центарот за испитување на болести на мозокот во Спрингфил, беа правени проценки на влијанието на Ботокс инекциите, врз мигрената.

Студијата е извршена на тој начин што на пациенти со акутна мигрена им се паралелно давани инекции со Ботокс и плацебо инекции.
Во извештајот на институтот се вели дека Ботокс третманите дале резултати иако многу ограничени, но во врска со бројот на главоболки, а воопшто никакви резултати при намалување на интензитетот на главоболките.
Сепак пациентите третирани со Ботокс имале многу помалку мигренозни денови од пациентите третирани со плацебо лекови, како и многу поквалитетн живот, кој резултира со намалено ниво на стрес, сепак запоменте Ботоксот е нервен отров кој делува така што ги парализира нервите, и зачудувачки подобро помнење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *