Богаташот по фацата се познава

За некој да се збогати мора да биде снаодлив, способен и да има среќа.Покрај тоа треба да има анфас и профил кој ќе одговараат на еден богаташ, тврдат британските експерти.

 |   | 
face
лице

faceЗа некој да се збогати мора да биде снаодлив, способен и да има среќа.Покрај тоа треба да има анфас и профил кој ќе одговараат на еден богаташ, тврдат британските експерти.

Ови специјалисти ги проучувале цртите на лицето на некои од најдобрите и најспешни луѓе на светот и врз таа основа направиле модел на лице, чиј сопственик има најголеми шанси да стане успешен деловен човек.

На пример, тие заклучиле дека машкиот модел на лице кое гарантира богатство е она со римски нос, широко растојание помеѓу очите и поголеми ноздри, додека мажите со испрчен нос најверојатно нема да имаат многу успех во деловните зафати.

Кога станува збор за модел на „богато“ женско лице, можат да се радуваат оние кои имаат долго дупче над горната усна, кое се спушта вертикално од носните прегради, високо чело и густи веѓи.

„Успехот во работата зависи од многу фактори, а еден од пресудните е обликот на нашето лице“, вели Марк Рајли, авторот на оваа студија.

Истовремено, Џорџ Роман, стручњак за проучување на личности, тврди дека потенцијалните богаташи покрај цртите на лицето ги откриваат и карактерните особини.

Тој тврди дека луѓето со тенка, мека и нежна кожа се физички и психички многу почувствителни, а оние со полна долна усна се спонтани, отворени и добродушни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top