Categories
Сцена & Муабети

Анџелина Џоли на свет донесе близнаци, момче и девојче

Холивудската актерка Анџелина Џоли роди близнаци, момче и девојче, во клиниката во Ница. Француските медиуми денеска објавија дека 33-годишната актерка се породила во клиниката „Санта Марија“ на фондацијата „Ланвал“, која се наоѓа на крајбрежниот булевар во Ница.  
Гинекологот на американската актерка потврди дека таа синоќа родила две бебиња. Тој рече дека мајката и двете деца се чуствуваат „неверојатно добро“.
Момчето, според гинекологот се вика Нокс-Леон и е родено со тежина од два килограми и 28 грама, додека девојчето – Вивиан-Маршлин било тешко два килограми и 27 грама

Гордиот тато Пит, бил цело време емотивен но, смирен додека Анџелина се смеела цело време. Се проценува дека првите фотографии на децата на најпозната двојка во светот ќе достигнат милионски суми, се шпекулира со сума од околу 15 милиони евра кои како што најавија сопружниците Пит и Џоли ќе бидат искористени за добротворни цели. Нивните останати четири деца сеуште ги немаат видено своите најнови членови на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *