Categories
Сцена & Муабети

Без зевање,чепкање нос и чешање глава

Жителите на Пекинг за време на одржувањето на Олимписките игри не смеат да чепкаат нос, да зеваат и да ја чешаат главата додека разговараат со странците.

Жителите на Пекинг за време на одржувањето на Олимписките игри не смеат да чепкаат нос, да зеваат и да ја чешаат главата додека разговараат со странците.

Одделот за пропаганда на Пекинг издаде брошура во која јасно се напишани правилата за однесување на жителите на главниот град кон “кој наскоро ќе бидат ќе бидат свртени очите од цел свет“.

Покрај забраната за чепкање, чешање и слично, истакнато е следното: “Смешкајте се во текот на разговорот со странските посетители, немојте да се зјапате во нив и да правите нешто што може да му направи непријатно чувство на вашиот соговорник“.

Исто така, не е препорачливо да се вика, да се игра со ноктите (односно да се чепкаат), но и да не се влечат за облека додека разговараат.

Сугерирано е да се избегнуваат прашањата како што се “Дали сте оженет“?, “Колку заработувате?“ или “Дали сте здрави?“

Оваа кампања, покрај забраните жителите на Пекинг ги советува само за една работа што би требало постојано да ја говорат на туристите, кои наскоро ќе ги преплават нивните улиците, а тоа е – “Одличен си“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *