Categories
Сцена & Муабети

Бетмен собори уште еден рекорд

Најновото продолжение на Бетмен, “Црниот витез” собори уште еден холивудски рекорд, заработувајќи 400 милиони долари во 18 дена од прикажувањето.

Најновото продолжение на Бетмен, “Црниот витез” собори уште еден холивудски рекорд, заработувајќи 400 милиони долари во 18 дена од прикажувањето, што е за половина покусо време отколку што му требаше на досегашниот рекордер “Шрек 2”, објави студиото Ворнер Брос Пикчрс.

Филмот веќе три недели постојано се наоѓа на врвот на листите во американските и канадските кина, а со заработените 6,3 милиони долари во понеделникот ја надмина “волшебната” граница од 400 милиони долари.

Претходниот рекордер, анимираниот филм “Шрек 2” овој износ го заработи во 2004 година за 43 денови прикажување. Ворнер Брос очекува дека најновото продолжение на серијалот за човекот – љиљак во Северна Америка ќе заработи уште најмалку 100 милиони долари и така да го надмине рекордот од 461 милиони долари, колку што заработија “Војната на ѕвездите” од седумдесетите години и неговите две понови продолженија. Сепак, рекордот од 601 милион долари, колку што заработи Титаник во 1997 година, се чини дека нема да биде соборен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *