Categories
Сцена & Муабети

Бесплатна доживотна испорака на месо за белоруските освојувачи на злато на Олимпијадата

Произведувач на месо од Белорусија на спортистите од неговата земја на Олимписките игри во Пекинг им вети бесплатна доживотна испорака на месо за секој кој ќе освои златен медал.

Произведувач на месо од Белорусија на спортистите од неговата земја на Олимписките игри во Пекинг им вети бесплатна доживотна испорака на месо за секој кој ќе освои златен медал.

„Се уште не сме ги утврдиле практичните детали, но еднаш или двапати месечно на спортистите бесплатно ќе им доставуваме некои од нашите производи“, рече Борис Ципорин, директор на фабриката за месо „Белатмит“.

Белорусија во Пекинг испрати околу 200 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 26 дисциплини. Освојувачите на златни медали во Пекинг ќе добијат по 100.000 долари (66.288 евра), на сребрени по 50.000 долари (33.145 евра) и на бронзени медали по 30.000 долари (19.886 евра).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *