Categories
Сцена & Муабети

Белите Американци до 2042 година нема да бидат мнозинство

Белите луѓе до 2042 година повеќе нема да го сочинуваат мнозинството од населението на САД. Тоа е за осум години порано до претходните симулации од 2004 година.

Белите луѓе до 2042 година повеќе нема да го сочинуваат мнозинството од населението на САД. Тоа е за осум години порано до претходните симулации од 2004 година.

Вкупното население расте веќе со десетлетија, а тој процес го забрзува имиграцијата и поголемата стапка на наталитет меѓу малцинското население, посебно Хиспаноамериканците. Покрај тоа, американското население станува се постаро.

“Белото население е се постаро, а мнозинство се оние кај кои врвот на репродуктивната возраст е поминат”, вели Вилијам Фери, демограф од Институтот Брукингс од Вашингтон.

“Иднината на Америка е во рацете на младите. Во иднина ќе бидеме сведоци на поголема етничка разновидност„, додава тој.

Државното биро за статистика во четврток ги објави проекциите за движење на населението до 2050 година, направена врз основа на стапката на наталитетот, морталитетот и имиграцијата. Во САД моментално живеат околу 305 милиони луѓе. Како што се проценува до 2039 ќе се надмине бројката од 400 милиони, а во 2050 ќе живеат 439 милиони.

Белите Американци претставуваат две третини од населението, но само 55 проценти се помали од пет години. До 2050 година бели луѓе ќе бидат 46 проценти, црномурести 15 отсто, малку повеќе од денес. Хиспаноамериканците, кои денес претставуваат 15 проценти од популацијата, до 2050 година ќе се зголемат на 30 отсто. Азијците, кои моментално се пет проценти, до 2050 ќе се зголемат на девет отсто. Според владините проценки, населението од 85 и повеќе години ќе се зголеми за повеќе од три пати, на 19 милиони луѓе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *