Иако бакнежот може да биде најтоплиот поздрав, сепак може да има и ладен карактер, покажуваат новите истражувања. Во зависност од тоа дали при бакнување се наведнувате кон лево или десно, може да се открие колку сте емотивни. Околу 80 отсто од лицата (мажи и жени) при бакнување ја наведнуваат главата надесно. Останатите 20 отсто кои ја наведнуваат главата налево кога сакаат да бакнат се помалку емотивни и се постудени.
Истражувањето, со кое покрај стотици доброволци, анализирани се случајните минувачи и нивното однесување на јавно место, покажало дека начинот на кој се бакнувате со некого, навистина много открива за вас.

Главното открие било дека лицата кои ја вртат главата кон лево за време на бакнежот, всушност не поздравуваат емотивно, туку „колку да поздрават“. Исто така, „бакнежот во воздух“, кога лицата одвај се допираат образ со образ е уште еден облик на неемотивно поздравување.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: