Categories
Сцена & Муабети

Back To Bedlam – James Blunt

За оваа недела Ви го препорачуваме Back to Bedlam деби албумот на англиската рок ѕвезда во подем James Blunt.

 

 

 

АЛБУМ НА НЕДЕЛАТА

Наслов: Back to Bedlam
Изведувач: James Blunt
Издаден: 11. Октомври 2004
Издавач: Custard Records
Времетраење: 39:28

За оваа недела Ви го препорачуваме Back to Bedlam деби албумот на англиската рок ѕвезда во подем James Blunt. Најголем дел од албумот звучи рокерски, со мали примеси на фолк-поп, благодарение на соработката и инструкциите кои ги добива при неговото снимање во ЛА од ѕвездите на рок музиката: Jeff Buckley, father Tim, Neil Young, Leonard Cohen и Paul Simon.

“Британскиот романтичар James Blunt му влева на слушателот најразлични чувства: дождлив ден, надеж, копнеж кон неостварената љубов и помирување со судбината.“
James Christopher Monger – All Music

Back do Bedlam имаше трновит пат до бројот 1 на Британската топ листа за албуми. Му требаа повеќе од половина година за да стигне до врвот, за потоа да го сруши рекордот за најпродаван албум на 21-от век, со продадени над 14 милиони копии. Во САД успева да се искачи само до втората позиција, добивајќи двоен платинест сертификат. Back in Bedlam влезе во гинисовата книга на рекорди како најпродаван албум во една година во Велика Британија, додека New Musical Express го прогласува за најлош албум за 2005.

Синглови:
1. High – објавен 18.10.2004
2. Wisemen – објавен 07.03.2005
3. You’re Beautifull – објавен 30.05.2005
4. Goodbye My Lover – објавен 13.12.2005

За Back to Bedlam покрај James Blunt заслугите ги имаат:
Matt Chait – гитара
Mike “Leroy” Tarantino – гитара
Mr Nau – пијано
Sasha Krivtsov – бас гитара
C. Paxon – тапани

Tim Rothrock, Jimmy Hogarth, Linda Perry – продуценти

На Вас останува само да притиснете PLAY … и да слушате гласно!

 

{auto displayheight=”0″ height=”180″ width=”320″ plthumbs=”true” shuffle=”false” repeat=”list” pbgcolor=”#000000″ pfgcolor=”#cccccc”, phicolor=”#990000″ showstop=”true”}back_to_bedlam.xml{/auto}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *