Categories
Сцена & Муабети

Back in Black – AC/DC

За оваа недела Ви го препорачуваме Back in Black седмиот студиски албум на австралиската хард рок дружина AC/DC.

 

 

 

АЛБУМ НА НЕДЕЛАТА

Наслов: Back in Black
Изведувач: AC/DC
Издаден: 25. Јули 1980
Издавач: Atlantic Records
Времетраење: 41:59

 

За оваа недела Ви го препорачуваме Back in Black седмиот студиски албум на австралиската хард рок дружина AC/DC. Back in Black е првиот албум на групата снимен по смртта на нивниот пејач Бон Скот (1946-1980), кој почина на 19. Февруари. Групата која се наоѓа пред расформирање, го среќава Брајан Џонсон, и го повикува да биде новиот солист во AC/DC, за да со заеднички сили во Април и Мај на Бахамите ја создадат рок класиката наречена Back in Black.

Албумот е продаден во над 42 милиони копии (најпродаван албум на група или дуо), со што станува втор најпродаван албум во музичката историја (до појавата на Thriller на Michael Jackson во 1983 година, го држи приматот за најпродаван албум) и петти најпродаван во САД. Back in Black во Британија неколку недели престојува на бројот 1 на листата за најпродавани албуми. Но, и покрај огромниот комерцијален успех, на Билбордовиот топ 100 на албуми во САД се искачува само до четвртото место, додека нивниот следен албум од 1981 For Those About to Rock We Salute You успева да стигне до позицијата број 1.

Back in Black ги содржи сигурно најголемите хиотви на AC/DC: Hells Bells, You Shok Me All Night Long и Back in Black. По желба на гитаристот на групата, Ангус Јанг обвивката на албумот е потполно во црна боја во знак на сеќавање кон Бон Скот.

Синглови:
1. Rock And Roll Ain’t Noise Pollution
2. You Shook Me All Night Long
3. Back In Black
4. Hells Bells
5. Shoot To Thrill

За Back in Black заслугите ги имаат:
Brian Johnson – вокал
Angus Young – гитара
Malcolm Young – ритам гитара, придружни вокали
Cliff Williams – бас гитара, придружни вокали
Phil Rudd – тапани

Robert John “Mutt” Lange – продуцент
Tony Plat – тон мајстор

На Вас останува само да притиснете PLAY … и да слушате гласно!

{auto displayheight=”0″ height=”180″ width=”320″ plthumbs=”true” shuffle=”false” repeat=”list” pbgcolor=”#000000″ pfgcolor=”#cccccc”, phicolor=”#990000″ showstop=”true”}back_in_black.xml{/auto}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *