Categories
Сцена & Муабети

Австралија и Антарктикот, некогаш биле дел од Северна Америка

Парче карпа колку тупаница е доказ дека континентите некогаш биле една суперструктура.

Парче карпа колку тупаница е доказ дека континентите некогаш биле една суперструктура.

Во периодот од 4,5 милијарди години континентите на нашава планета се спојувале и разделувале неколку пати. Последниот суперконтинент или Пангеа, кој се раздвоил пред 200 милиони години довел до создавање на денешниве континентални маси.

Неколку суперконтиненти пред Пангеа, се Родиниа суперконтинентот кој постоел пред 1,1 милијарди години. Дел од овој континент пред 600-800 милиони години се откинал од копното на денешните Американски држави за да се упати кон Австралија и источните делови на Антарктикот.

Оваа идеа е позната како „Југозападниот дел ос САД е дел од источните брегови на Антарктикот“. Но, постојат мал број на физички докази за поткрепување на оваа идеа. Се додека геолозите не наидоа на едно парче карпа големо колку тупаница. Ова парче на гранит најдено во „Нимрод“ глечерот на Антарктикот имено е со ист состав како карпите кои ги има во планинските масиви кои се протегаат низ Северна Америка.

Зошто е ова откритие од големо значење? Со појавата на континентите доаѓало до мешање на елементите и соединенијата на копното на супер сутруктурата што од друга страна придонело до појавата на биодиверзитет на истото. Секако дека постојат растителни и животински облици кои се ендемични, но сепак постојат и голем број на слични и исти живи организими на различните континенти, што кажува дека сепак, ја делиме истатa планета.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *