Неодамна откриениот астероид, беше именуван по шпанската тениска ѕвезда, Рафаел Надал, кој ја освои својата прва титула на Вимблдон, на почетокот на овој месец, со неверојатната победа во финалето на овој шампионат врз петкратниот шампион и бранител на титулата, Роже Федерер.

Астeоридот Рафаел Надал, кој претходно беше познат како 128036 е со дијаметар од 4 километри и се движи низ вселената со брзина од 20 км во секунда.Неговата моментална позиција е помеѓу Марс и Јупитер, во Кујперовиот појас и со огрома брзина се наближува до планетата Марс.

Астрономската Опсерваторија во Мајорка, прв пат го забележа овој планетоид во 2003 година.

Одлуката да му се даде името Рафаел Надал, кој е по потекло од Мајорка од градот Манакор, беше донесена од страна на Меѓународната Астрономска Унија, како одговор на барањето на шпанската опсерваторија, со цел да му се оддаде почит на еден од најголемите тенисери на сите времиња.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: