Categories
Сцена & Муабети

Атрактивната тенисерка Ешли Харклероуд на дуплерицата на Плејбој

Американската тенисерка Ешли Харклероуд се појави на насловната страна на августовското издание на машкиот магазин Плејбој.

23 годишната Ешли Харклероуд фотосесијата ја направила во Мај пред почетокот на Отвореното првенство на Франција. Горда на понудата таа сватила дека нема што да изгуби и нема од што да се срами, бидејќи е горда на своето тело и ги претставува спортистките.

Ешли не е првата спортистка која се разголела пред објективот на Плејбој, пред неа тоа го направија натпреварувачката во уметничко лизгање, германката Катерина Вит, пливачката Аманда Берд и репрезентативката на САД во одбојка Габриел Рис. За тенисерката која моментално се наоѓа на 65. место на ВТА листата, ова е едно ново искуство, во кое навистина уживала и таа е презадоволна од конечниот производ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *