Categories
Сцена & Муабети

Арапскиот МТВ „пости“

Со цел да не ги повреди верските чувства на своите гледачи, музичката телевизија МТВ Арабиа за време на строгиот муслимански пост рамазан нема да емитува музички прилози.

Со цел да не ги повреди верските чувства на своите гледачи, музичката телевизија МТВ Арабиа за време на строгиот муслимански пост рамазан нема да емитува музички прилози.

МТВ Арабиа за време на рамазанот ќе прикажува само документарни филмови, вести од светот на музиката и “културни програми”, изјавил директорот на телевизијата.Покрај тоа, програмот ќе се прекинува секој ден на залезот на сонцето, поради молитва.
    
МТВ Арабиа е основана во ноември 2007 година. Ударно време за емитување за време на рамазан се токму вечерните часови, бидејќи по вечерата многу луѓе гледаат телевизија.  Муслиманските верници за време на рамазан од излезот до залезот на сонцето се откажуваат од јадење, пиење, секс и цигари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *