Categories
Сцена & Муабети

Анџелина Џоли му украде улога на Том Круз

Анџелина Џоли моментално е во преговори за улога во филмот „ Edwin A. Salt“, оригинално наменета за Том Круз.

Анџелина Џоли моментално е во преговори за улога во филмот „Edwin A. Salt“, оригинално наменета за Том Круз. Трилер на кој насловот едноставно ќе му биде променет во „Salt“ напишан е за главна машка улога под наслов „Edwin A. Salt“, а улогата првобитно ја доби Том Круз. Кога преговорите помеѓу Том и студиото пропаднаа, а и помеѓу неколкумина други машки актери, откако Анџелина покажа интерес за неа, улогата е преправена, сценариото изменето и приспособено за женски актер. Иако сеуште официјално Анџелина не ја има прифатено улогата, преговорите околу истата сеуштес е во тек, а ова за неа ќе биде втор акционен филм после улогата во филмот „Wanted“.

Иако се веруваше дека во овој филм ќе глуми Том Круз, студиото Колумбија се реши на чекор да го преправи сценаријото и да го приспособи за Анџелина. Продуцент на филмот ќе биде Филип Нојс, а приказната зборува за агент на ЦИА која е обвинета дека е руски шпион и мора да остане доволно долго на слобода за да ја докаже својата невиност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *