Categories
Сцена & Муабети

Алергиски реакции на храна

Колку храната е виновник за алергиските реакции. Поимот “алергија на храна” (“нутритивна алергија”) не соочува со бројни контроверзии, дезинформации, екстравагантни салонски анегдоти и е секогаш атрактивна (пикантна) тема во немедицинските медиуми. Само одделни клинички алерголози, нутриционисти и “клинички еколози” со сериозност пристапуваат кон овој проблем а официјалната медицина истиот го маргинализира, и покрај фактот што тој нуди драгоцени базични имуно(пато)-лошки сознанија и универзално аплицирачки модели. Во време на напредната технологија на преработка, складирање и транспорт на прехрамбените продукти од еден во друг крај на земјината топка, за човекот – консумент тоа се нови провокации за реактивниот и адаптивен имунитет. Како и гастрономијата општо, и нутритивната алергија е тесно поврзана со менталните и психолошко – емотивни сфери на човековото егсизтирање. За разлика од медикаментите кои се внесуваат инцидентно и при соодветни индикации (условно), хранењето како основен животен нагон е безусловно, а изборот на менито е обележје на современиот живот со сите комплексни специфичности.

Општо лечење на алергиските и имунолошките заболувања

Се претпоставува дека во основата на голем број заболувања постои автоимуниот механизам и поради тоа предизвикува огромно интересирање на научниците и истражувачките центри ширум светот. Се претпоставува а во догледно време веројатно и лабораториски ќе се докаже, дека многу заболувања се резултат на реакцијата антиген – антитело. Со тоа сознание и фармацевската индустрија ќе ни понуди соодветни ефикасни лекови, односно заштита. Во досегашното искуство на медицината, основен начин на лечење на алергиските и имунолошките заболувања е избегнување на присуство, на штетниот алерген. Доколку тоа не е доволно или не е можно тогаш се презема и лекување на ургентните состојби, етиолошко лекување и систематско лекување. Ургентните состојби не се ретки и во голема мера го загрозуваат човечкиот живот. Во тие тераписки мерки не се утврдува причинителот туку се спасува човечкиот живот со сите можни средства со кои денес располага медицината, како што се симпатикамиметици: адреналин, кортикостероиди, антихистаминици, калциум и т.н. Симпатикамиметици – Адреналинот и неговите сродници се најефикасни сретства во тешките алергиски состојби. Адреналинот се дава поткожно од 0.5 до 1 мл раствор адреналин. Во многу тешки случаи може да се даде минимална доза адреналин и интракардијанс. Картикостероиди – Почнувајќи од 1949 година картикостероидите со АСТН заземаат едно од наистакнатите места во терапијата на ургентните состојби во алергијата. Механизмот на неговите дејства не е точно познат. Се знае само дека тие претставуваат најефикасно антивоспалително сретство воопшто. Калциум – Познато е дејството на калциумот врз пермеабилитетот на крвните садови, доаѓа до смалување и исчезнување на отокот и со тоа се објаснуваат поволните ефекти на калциумот.
 

Етилошко лечење на алергиските и имунолошките заболувања

Во етиолошкото лечење денес се применуваат специфична десензибилизација односно хипосензибилизација, тимектомија, антилимфоцитен серум и т.н. Специфична хипосензибилизација – Често се употребува во последно време името хипосензибилизација од причина што со примена на оваа метода се постигнува дефинитивно десензибилизација на организмот. Хипосензибилиза-цијата се спроведува на тој начин што со претходно тестирање се утврдува постоењето и јачината на сензибилизацијата спрема извесен алерген. Тимектомија – Улогата на тимусот е докажана во имунолошките реакции на организмот, посебно кај реакција на преосетливост. Меѓутоа тимектомијата како метод на лечење на автоимуните болести дало поволни резултати кај заболувањето муастхениа гравис и тоа во детството кога дејството на тимусот на имунолошкиот систем е најизразено. Во примената на лекување на алергиските манифестации постои широка палета на лекови и сретства кои можат да помогнат односно да ги намалат тегобите и симптомите како што се сретствата за смирување, аспиринот, вакцинациите и т.н. Антибиотиците исто така се применуваат во одредени случаи на инфекција која е од примарно етиолошко значење како провокативен фактор на алергиската манифестација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *