Categories
Сцена & Муабети

Албанец направил мозаик од 50 илјади вински тапи

Албанскиот уметник Саимир Страти направи мозаик од повеќе од 50 илјади вински тапи и го изложи во Тирана.

Албанскиот уметник Саимир Страти направи мозаик од повеќе од 50 илјади вински тапи и го изложи во Тирана.

Страти, 42 – годишен уметник кој веќе се прослави со спектакуларни дела, мозаикот го постави во еден луксузен хотел во Тирана, објавија албанските медиуми.

Мозаикот прикажува момче кое свири на гитара.

Страти се надева дека и мозаикот ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди, по двете негови дела, што веќе се внесени.

Станува збор за портретот на Леонардо да Винчи, што во 2006 година го составил од клинци, и мозаикот со големина од осум квадратни метри, составен од 1,5 милион чепкалки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *