АББА се враќа со нов албум по 40 години пауза

Шведската поп супергрупа АББА го направи долгоочекуваниот кам-бек на 5 ноември со нивниот нов албум „Voyage“, речиси четири децении откако се разделија. 

 |   | 

Шведската поп супергрупа АББА го направи долгоочекуваниот кам-бек на 5 ноември со нивниот нов албум „Voyage“, речиси четири децении откако се разделија. 

Агнета Фалстог, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад – чии иницијали го прават името на групата АББА, немаа издадено нова музика од нивното разделување во 1982 година, една година по нивниот последен албум „The Visitors“.

„Voyage“ со 10 нумери се емитуваше во живо на полноќ во различни временски зони, на задоволство на обожавателите ширум светот. АББА го објавија обединувањето и новиот албум во септември по неколкугодишни шпекулации.

Групата, исто така, ќе претстави дигитални аватари наречени „ABBAtars“ на концерт во Лондон во мај, кои личат на нив од 1979 година. Холограмите се производ на долгогодишен проект, дизајниран во партнерство со компанијата за специјални ефекти на креаторот на Star Wars Џорџ Лукас. Групата беше формирана во 1972 година во Стокхолм и стана светски позната откако победи на Евровизија во 1974 година со „Ватерло“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top