Categories
Сцена & Муабети

A Rush Of The Blood To The Head – Coldplay

За оваа недела Ви го препорачуваме A Rush Of The Blood To The Head вториот албум на ангилската рок четворка Coldplay.

 

 

АЛБУМ НА НЕДЕЛАТА

Наслов: A Rush Of The Blood To The Head
Изведувач: Coldplay
Издаден: 12. Август 2002
Издавач: Capitol Records
Времетраење: 54:12

 

 

За оваа недела Ви го препорачуваме A Rush Of The Blood To The Head вториот албум на ангилската рок четворка Coldplay. Уште во првата недела од своето издавање во Велика Британија албумот е продаден во 273.000 примероци, со што веднаш заседнува на првото место на Британската топ листа, додека во САД со продадени „само“ 144.000 достигнува до местото број 5.
На овој албум ќе слушнете гитарски поп, балади, акустични изведби. Како и да е, звукот на епскиот рок на U2 може да се слушне на првата песна од албумот “Politik”, одличната пијано изведба во “Clocks” и гласните гитари во “A Whisper” го збогатуваат уживањето додека го слушате A Rush Of The Blood To The Head.
A Rush Of The Blood To The Head во 2002 освојува 3 Греми награди: најдобар алтернативен албум, најдобра рок изведба од група или дует, додека извонредната употреба на пијаното во Clocks и извонредните пијано рифови им ја носат и наградата за најдобра рок снимка. Најдобар британски албум е наградата која ја примаат истата година на Brit Awards.
Во 2007 Rock and Roll Hol of Fame ја објавува својата листа на 200 најдобри албуми на сите времиња, на која на 65-то место се наоѓа A Rush Of The Blood To The Head.

Синглови:
1. In My Place – објавен 05.07.2002
2. The Scientist – објавен 04.11.2002
3. Clocks – објавен 24.03.2003
4. God Put A Smile Upon Your Face – објавен 14.07.2003

За A Rush Of The Blood To The Head заслугите ги имаат:
Chris Martin – вокал, гитара, пијано
Jon Buckland – гитара
Guy Berryman – бас гитара
Will Champion – тапани

Coldplay & Ken Nelson – продуценти

На Вас останува само да притиснете PLAY … и да слушате гласно!

{auto displayheight=”0″ height=”180″ width=”320″ plthumbs=”true” shuffle=”false” repeat=”list” pbgcolor=”#000000″ pfgcolor=”#cccccc”, phicolor=”#990000″ showstop=”true”}a_rush_of_the_blood_to_the_head.xml{/auto}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *