Categories
Сцена & Муабети

Пред 39 години човекот за прв пат стапна на Месечината

Пред 39 години првото човечко суштество, Американецот Нил Армстронг, зачекори на Земјиниот сателит Месечината и со тоа ги оствари сништата на многу столетија и многу човечки генерации.

Пред 39 години првото човечко суштество, Американецот Нил Армстронг, зачекори на Земјиниот сателит Месечината и со тоа ги оствари сништата на многу столетија и многу човечки генерации.

Американската НАСА има амбициозен план за нови патувања и за вистинско освојување на Месечината    Во неделата светот одбележа точно 39 години откако првиот човек, американскиот космонаут Нил Армстронг на 20 јули 1969 година стапна на тлото на земјиниот сателит, Месечината, исполнувајќи ги сништата на многу векови и многу човечки генерации.

При излегувањето од лунарниот модул „Орел“, Армстронг ја изрече неговата сега веќе легендарна реченица: „Ова е мал чекор за човекот, но е голем за човештвото“.

Потоа на Месечината стапнал Едвин Олдрин, а Мајкл Колинс за тоа време кружел околу Месечината во вселенскиот брод „Аполо-11“, чекајќи го нивното враќање.

На овој факт подоцна многумина пристапија со недоверба, а „малиот чекор за човекот“ е обвиткан со таинствен превез и приказни кои со години се плетат околу таа мисија.

„Аполо 15“ на Месечината поведе посебен механизам, т.н. „лунар ровер“ кој на космонаутите им овозможи да се оддалечуваат до најмногу седум километри од местото на спуштањето и да разгледаат и со научни инструменти да ја испитаат површина Месечината. Денес, во поплавите од секакви сензации, се појавуваат бизарни приказни во кои се тврди дека НАСА поседува тајни податоци за наводни градби, за наводни живи суштества, кои божем некогаш живееле на Месечината.

Во Вашингтон кон крајот на минатата година е одржан собир посветен на стратегијата за освојување на Месечината, на кој учествуваа 180 претставници од 13 земји, а кој го организираше НАСА.
Меѓу учесниците имаше претставници од вселенски агенции и аеровселенски фирми, како и научници од САД, Русија, Украина, Австралија, Велика Британија, Италија, Германија, Канада, Индија, Кина, Франција, Јужна Кореа и Јапонија.

Според заменик директорот на НАСА, госпоѓа Шана Дејл, оваа година треба да биде разработена стратегија за освојување на Месечината, а ќе бидат изготвени и прелиминарни планови за патување на Марс и други планети.

НАСА определи седум работни групи за разгледување на конкретните проблеми околу освојувањето на Месечината, како ште се местата за изградба на бази, заштита од радијација, локацијата и начин на бушењето на тлото, како и прашањето за најголемата брзина на движење по Месечината.

Според проценките на експертите, летовите на Месечината ќе бидат обновени до 2020 година, а мисија на Марс, според предвидувањата, можна е до 2030 година.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *