Почина поп ѕвездата Џорџ Мајкл

Светската музичка ѕвезда Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст во негоиот дом во Велика Британија.

 |   | 

Џорџ Мајкл (роден како Георгиос Кириакос Панајоту 25 Јуни 1963 – 25 декември 2016) — британски музичар, пејач, текстописец и продуцент за снимање кој се издигна помеѓу славните во 1980-тите кога го оформи поп-дуото “Wham!” (Вем!) со неговиот средношколски другар Ендру Ридгелеј. Неговата прва соло песна “Careless Whisper” (Безгрижен Шепот) излезе додека тој се уште беше дел од дуото, и продаде околу шест милиони копии низ цел свет. Како еден од најпродаваните светски музичари, Мајкл има продадено повеќе од сто милиони албуми низ целиот свет до 2010 година.

Неговиот прв соло албумод 1987 година насловен “Fait” (Верба) се продаде во повеќе од 25 милиони копии низ целиот свет, и постигна големи достигнувања во САД. Мајкл има направено дури 7 песми кои го достигнаа првото место од листата на хитови во Обединетото Кралство, и 8 песни кои го достигнаа првото место на топ листата на Billboard Hot 100 (топ листа креирана од страна на американското списание Билборд) во САД. Во 2008 година, списанието “Билборд” го рангира Мајкл на 40-то место во листата на најуспешни артисти од нивната топ листа “The Billboard Hot 100 Top All-Time Artists” (Билборд топ 100 жешки артисти на сите времиња).

Мајкл има добиено многу музички награди за време на својата 30 годишна кариера , вклучувајќи ги и трите Британски награди – два пати за Најдобар Британски Машки Изведувач, 4 награди за МТВ Видео МУзички Награди, 4 Ајвор Новело награди, 3 Американски Музички Награди, и 2 Греми Награди од вкупно осум номинации. Во 2004 година Радио Академијата го именуваше Мајкл за најслушан пејач на Британското радио во периодот помеѓу 1984 и 2004 година. Документарниот филм “A Different Story” (Поинаква приказна) излезе во 2005 година. Го содржи неговиот приватен живот и неговата професионална кариера. Во 2006 година, Мајкл ја објави неговата прва турнеја после 15 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top