Categories
Сцена & Муабети

„Кјур“ ќе издаваат по еден сингл месечно

„Кјур“ изјавија дека секој месец ќе издаваат по еден сингл, со што ќе го комплетираат нивниот тринаесетти студиски албум до Септември.

„Кјур“ изјавија дека секој месец ќе издаваат по еден сингл, со што ќе го комплетираат нивниот тринаесетти студиски албум до Септември. Роберт Смит и неговата дружина, го издадоа првиот сингл од сеуште ненасловениот нов албум и така ќе биде се до тринаесетти Септември секој месец. Првиот сингл насловен како „Единствена“ ќе биде дел од албумот, а синглот „Журка на изроди“ веќе се појави на тринаессети Јуни. Овие две песни се во продукција на Смит и Кит Удин.

Поп сензацијата од осумдесеттие и деведесеттите години кои направија вистински бум со песните „Приспивна песна“ и „Во петок сум вљубен“ повторно на голема врата се враќаат за својата верна публика. Карактеристичниот изглед на фронтменот Роберт Смит не може да остане незапаметен, наводно неговиот заштитен знак како крв црвениот кармин го користи бидејќи сака да изгледа како штотуку да пиел крв, изјави самиот пеач.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *