Пејачката Кајли Минок, во четвртокот стана Офицер на редот на Британската империја.
Пејачката Кајли Минок, во четвртокот стана Офицер на редот на Британската империја. Австралиската поп-принцеза го прими орденот од Принцот Чарлс, во Бакингемската палата во Англија. Таа одржа говор во домот на кралицата велејќи: „Неверојатно сум возбудена. Очекував дека ќе бидам малку нервозна, многу возбудена, но да се погледнат толку многу луѓе од толку многу свери на животот, на едно место го одзема здивот.“