Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

На 68-годишна возраст почина филмскиот продуцент Горјан Тозија, кој беше и државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година и директор на „Вардар филм“. Во продукција на „Вардар филм“, додека тој беше директор се снимија филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“. „Вардар филм“ тогаш учествуваше и во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Continue reading

Македонија на 9-то место, Ерменија победи на Јуниор Евросонг

Македонските претставници на јуниорскиот „Евросонг“, што вечерва се одржа во Париз, го освоија 9-то место. Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ се претставија со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина. Песната „Green Forces“ на нашите претставници доби 114 поени. Дванаесет поени ни додели Албанија, а 12 поени од македонското жири заминаа кај Русија. Песната на Малена „Qami Qami“ со вкупно 224 поени, заврши на првото место. Настапот може да го погледнете на следниот линк

Continue reading

ТАЖНА ВЕСТ: Почина актерот Славиша Кајевски

Македонскиот народен театар информира дека нивниот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје. -Не’ остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето...

Continue reading

ТАЖНА ВЕСТ: Почина пејачот Маринко Роквиќ

Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска во Белград на 68-годишна возраст, пренесоа српските медиуми. Неодамна во јавноста излегоа информации дека Маринко е хоспитализиран и дека здравјето му е во влошена состојба, пренесува „Mondo“. Кариерата на овој пејач започна во 1974 година, а низ годините сними 21 студиски албум и неколку сингл-плочи. Јавноста го знае по огромниот број хитови „Skitnica“, „Svađalice moja mala“, „Potražiću“, „Zanela me svetla velikog grada“, „Polomio vetar grane,“, „Jedina mojа“ и многу други. Роден е во јануари, 1954 година во Босански Петровец. Од мал покажувал интерес...

Continue reading

АББА се враќа со нов албум по 40 години пауза

Шведската поп супергрупа АББА го направи долгоочекуваниот кам-бек на 5 ноември со нивниот нов албум „Voyage“, речиси четири децении откако се разделија.  Агнета Фалстог, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад – чии иницијали го прават името на групата АББА, немаа издадено нова музика од нивното разделување во 1982 година, една година по нивниот последен албум „The Visitors“. „Voyage“ со 10 нумери се емитуваше во живо на полноќ во различни временски зони, на задоволство на обожавателите ширум светот. АББА го објавија обединувањето и новиот албум во септември по неколкугодишни шпекулации. Групата,...

Continue reading

ДИНО МЕРЛИН СО ЕМОТИВНА ИСПОВЕД

Еден од најпопуларните пејачи во регионот, Дино Мерлин, многу ретко зборува за својот приватен живот во медиумите. Видеото кое се емитува на социјалните мрежи, предизвика голем интерес, а во него пејачот зборува за многу тежок период во неговиот живот во кој „се му падна на памет“, бидејќи „животот и смртта ми беа исти“. Со одредено двоумење и солзи во очите, Дино Мерлин откри дека поминал низ страшна борба, онаа со депресијата. Ќе го кажам ова за прв пат, во еден момент од мојот живот бев сериозно болен. Имав тешка депресија. Тоа не би му го посакал на никого. Се манифестираше на таков начин...

Continue reading

Адел ќе открие сè за себе во интервју за Опра

Светски познатата поп-ѕвезда Адел ќе изнесе сè на виделина за лансирањето на својот нов албум „30“ во интерву за Опра Винфри, а ќе зборува и за сите шест години кога беше далеку од очите на јавноста. Интимната исповед на Aдел кај Опра ќе биде настан кој британските медиуми го нарекоа „троубек“ или потсетување на разговорот на Опра со Хари и Меган. „Си-би-ес“ ќе ja емитува двочасовната емисија со наслов Adele: One Night Only на 14 ноември, само пет дена пред објавувањето на долгоочекуваниот четврти студиски албум на британската пејачка. Проектот е најавен како „прв телевизиски разговор...

Continue reading

ЌЕ СЕ СНИМА БИОГРАФСКИ ФИЛМ ЗА МАДОНА

Мега ѕвездата Мадона сподели неколку фотографии на својот Инстаграм, на кои се гледа како прегледува работна копија од сценариото за нејзиниот претстоен биографски филм. Благодарност за успехот на госпоѓата Х, што моето сценарио е речиси завршено и на поддршката на моите прекрасни деца – напиша Мадона. Пред околу еден месец познатата пејачка потврди дека мистериозниот проект што го работеше во текот на целиот карантин со оскаровецот Диабло Коди, всушност е филм за нејзиниот живот. Фокусот на приказната е за нејзината борба како уметник што се обидува да преживее во машкиот свет како...

Continue reading

14 години од трагичната смрт на Тоше Проески

14 години без него, 14 години веќе ништо не е исто без него, 14 години поминаа од еден од најтажните денови во поновата македонска историја. На 16-ти октомври 2007 година на автопатот пред Нова Градишка во Хрватска животот го загуби еден од најголемите музички таленти кои се појавиле на овие простори, нашиот Тоше Проески. Веруваме дека не постои човек кој искрено го сака, а на кој овој ден му е ист како секој друг. Не, напротив, многу од нас се сеќаваме на овој ден, на утрото како гром од ведро небо се појави информацијата дека Тоше загинал. Најпрво не верувавме. Се прашуваш дали е можно токму...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top