ОПШТИНА ОХРИД ДОБИ НОВ ЕВРОПСКИ ГРАНТ ЗА ЕВРОПСКИ ПАРТНЕРСКИ ПРОЕКТ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Post Views: 2 Општина Охрид доби нов европски грант од првиот повик на Програмата на Европската Унија- Interreg Balkan- Mediterranean  2014-2020 во висина од 169.000 евра за европскиот партнерски проект Inter Regional Cultural  Heritage Management e- System (IRC- HERMES).   Проектот е одобрен после три фази на евалуација и строга селекција. Главна цел на Проектот IRC- HERMES е дигитализација на културното наследство  и ќе се реализира во  места на УНЕСКО од повеќе балкански држави и тоа: Охрид Македонија,  Крф Грција, Самос Грција и Ѓирокастра Албанија. Покрај документирањето и дигитализацијата,...

Continue reading

zima

„Најстрашните“ македонски зими

Post Views: 14 На 27 јануари во 1954 година, во Берово е забележана температура од -31,5 степени, а на истиот датум, во Битола се измерени -29,5 степени. Тоа се апсолутно најниските досега измерени температури на воздухот во Македонија. Причина за така ниските температури на овие две мерни места се надморските височини на Берово (820 м) и Битола (590 м), како и релјефната конфигурација околу нив во вид на добро „заградени“ котлини, со планини од повеќе страни. На тој начин, спуштањето на околниот ладен планински воздух кон пониските делови (депресии), слабата ветровитост поради природните...

Continue reading

Основното училиште „Братство и единство“ потонато во мрак

Post Views: 2 Основното училиште „Братство и единство“ потонато во мрак. Поради немање осветлување во дворот на школото учениците кои се втора смена мора да носат со себе некакво светло или пак родителите да ги чекаат по завршувањето на часовите за да можат безбедно да си одат дома. За овој проблем информирана е Локланата и побарано е да се постави осветлување во училишниот двор, но и да се поправи уличното осветлување кое во моментов е во дефект. Од училиштето велат дека 6 години наназад поднесувале барање до локалната да се постават 10 улични сијалични места во дворот и во близина...

Continue reading

Стојаноски: Во Охрид не се мијат улиците а се издвојуваат високи средства од буџетот за таа намена

Post Views: 0 Во општина Охрид не се мијат улиците а се издвојуваат високи средства од буџетот за таа намена. Оваа забелешка доаѓа од советничката група на охридските социјалдемократи, базирајќи се на последниот извештај за реализација на програмата за заштита на животната средина како и извештајот за реализација на програмата за јавна чистота. Координаторот Јован Стојаноски побара докази дека ЈП Охридски Комуналец ги извршува услугите меѓу кои и миење на улиците за што наплатува средства од општината. „На кој начин вие ќе објасните дека сте потрошиле околу 10 милиони денари средства...

Continue reading

g.Timotej

Верските учења не дозволуваат навреда

Post Views: 9 Дебарско кичевскиот митрополит г.Тимотеј во Лабуништа. Тој го посети храмот Св. Никола во ова струшко село, каде пред два дена избувна пожар кој ја зафати помошната просторија на храмот покривот и дел од камбанаријата. Господин Тимотеј, пред се изрази благодарност кон Бога, поради тоа што не дозволил да се уништи она што е највредното во него, иконите. Тој порача да се зачува вековната традиција на соживот.„Апелираме како МПЦ а и го молиме севишниот Господ Исус Христос и севишниот Бог, да даде разум кај сите луѓе, да разбереме дека на овие простори во западна Македонија...

Continue reading

Во крајбрежниот појас кај Подмоље се опожарени 10 хектари со трска

Post Views: 0 Пожар опустоши 10 хектари со трска и ниско стеблеста вегетација на езерското крајбрежје во Подмоље. Пожарот бил пријавен во 10 часот и 40 мин на потегот помеѓу бензиската пумпа кај Макпетрол и Андон Дуков. 8 пожарникари со 3 противпожарни возила 3 часа ги гаснеа пламените јазици кои се засилуваа под влијание на северниот ветар. Пожарот е локализиран во 11.35 минути , а целосно ликвидиран во 13 часот и 40 минути, информира Горан Маркоски заменик командир на ТППЕ Охрид. „Во овој период од годината и во изминатите години сме имале намерно палење од несовесни луѓе кои сакаат...

Continue reading

Утре прекин на сообраќајот на делницата Пресека-Песочан

Post Views: 5 Поради минирање утре во периодот од 11:00 и 14:00 часот во прекин од 10 до 15 минути ќе биде сообраќајот на магистралниот пат А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, информира АМСМ. Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец село Гајре – Тетово. Итензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од...

Continue reading

Промовирана книгата „Мојот живот после изгубен живот“

Post Views: 0 Тажната и трогателна животна судбина на прерано згаснатиот млад живот на Димитар Матилоски, испишан на страниците на дневникот на Драгица Матилоска „Мојот живот после изгубен живот“. Кобниот почеток на Новата 2016 година остава неизбришливи траги кај писателот на ова дело кога нешто после полноќ на свиреп начин беше убиенo нејзиното најмило чедо, од страна на српски турист од Краљево. Посакувам ниту една мајка да не ја почуствува мојата болка и да не е завиена во црно заради тагата по изгубеното дете, вели Матиловска. „Во оваа моја книга „Мојот живот после изгубен живот“,...

Continue reading

СЕ АСФАЛТИРА КРАК ОД УЛИЦАТА „СЛАВЕЈ ПЛАНИНА“

Post Views: 0 Денеска започнаа активности за асфалтирање на крак од улицата „Славеј Планина“ од пресекот со улицата „Јане Сандански“ до пресекот со улицата „Партизанска“. Претходно на овој дел од улицата беше извршена промена на канализационата мрежа.

Continue reading

Зимската опрема уште денес

Post Views: 1 Обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, завршува денеска, 15-ти март. Како што информира АМСМ Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково. Интензитетот на сообраќај на патните...

Continue reading

Во Охрид ќе се одбележи Денот на крводарителството

Post Views: 1 Општинската организација на црвениот крст од Охрид, по повод „Денот на крводарителството во Р. Македонија“, организира свеченост на која ќе бидат доделувани признанија, плакети и благодарници на повеќекратни крводарители, поединци, фирми и институции кои придонесле за развојот и уанпредувањето на крводарителството во Охрид и Дебарца. Свеченоста ќе се одржи на *17.03.2017 година (петок) во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 13,00 часот.

Continue reading

Грците се соочуваат со ограничено користење на најпознатите сервиси

Post Views: 2 Состојбата во оваа јужноевропска држава и маките на тамошните жители последниве денови се главна тема на интернет заедницата, а освен финансиските проблеми, Грците се соочуваат и со ограничено користење на некои од најпознатите глобални сервиси. Имено, корисниците на PayPal , услугите од Apple на iTunes како и услугите од App Store, во Грција не можат да вршат трансакции, т.е. да купуваат апликации или онлајн услуги од странство. Веројатно контролата на капиталот воведена од страна на тамошните власти наголемо се применува во сите сегменти, а колку ќе траат овие ограничувања...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top