Post Views: 8
Прекинот на услугите во регионот на Охрид и Ресен е решен, информираат од Македонски Телеком, откако поради прекин на оптички кабел, вчера не беа достапни услугите на Македонски Телеком во овој дел од државата.
– Проблемот не беше предизвикан од Македонски Телеком, туку беше резултат на оштетување на оптичките кабли при изведување на градежни зафати од страна на приватна фирма. Им се извинуваме на корисниците и им благодариме за разбирањето, информираат од Македонски Телеком.
Post Views: 3
Третата група деца денеска заминува на бесплатно зимување на Пелистер, соопштуваат од кабинетот на Министерот за труд и социјална политика.
Уште 600 деца со ментална попреченост и од социјално реанливите семејства заминаа денеска на бесплатен зимски одмор. Децата ќе зимуваат во одморалиштата на Пелистер, а се предвидува дополнително да се испратат уште 400 деца. Досега министерството за труд и социјална политика во одморалиштата низ земјава обезбеди бесплатен одмор за вкупно 6 илјади деца.
Бесплатното зимување е дел од проектот за користење услуга за одмор и рекреација...
Post Views: 4
Вевчани и Куратица се позитивен пример за развој на рурален туризам. Несекојденвните доживувања како што се сафари со магариња, дегустација на македонските локални специјалитети, прошетка во природа, едукативни активности ги задоволуваат потребите посебно на холандските туристи, кои годиниве наназад повторно во се поголем број ги има во охридско – струшкиот регион. Проф. Михаил Ристески, асистент на ФТУ кој работи и како туристички водич, смета дека за развој на руралниот туризам треба да интервенира и државата, бидејќи сеуште во селските средени настаните се одвиваат...
Post Views: 0
Поделбата на МЈП „Проаква“ останува на статус кво. После отпочнување на постапката за делба на Р.Е. Охрид и Струга, иницирана од страна на првиот човек на ова претпријатие Томе Паскалоски, меѓуопштинското претпријатие во моментов спасено е од концесионерство, односно продажба, бидејќи раскинат бил штетниот договор од претходното раководство, како што објасни Паскалоски. Директорот вели дека во моментов се чека да се донесе одлука за основање со издвојување. До каде е заглавена постапката Паскалоски им објасни на охридските советници.
„Комисијата која што беше формирана...
Post Views: 0
Крадците се обиделе да украдат две големи икони, една мала, а со рачни пили ги пресекле и царските двери со икона од Архангeл Михаил. Во намерата да ги однесат иконите биле спречени со вклучување на алармот кој се вклучил во 15 минути до 1 часот по полноќ. Мештаните и полицијата ги бркале крадците до самата граница кон Албанија, но силната меќава ги попречила да ги фатат.
{loadposition content9}
Post Views: 32
Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања на секој начин се трудеа да не замолчат. Надлежниот министер не бркаше од јавни расправи за концесии на Охридското Езеро. Барањето на концесионерот за стопански риболов на Охридско Езеро за мораториум на улов на охридска пастрмка од 10 години ја отвори пандорината кутија.
Јавно ги запрашуваме надлежните институции и министерства...
Post Views: 2
Веќе се работи на методологија која ќе овозможи долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
„Пензионерите се оние кои заслужуваат, после толку години изминат труд и даден огромен придонес за нашата држава, да имаат достоинствени пензионерски денови. Веќе работиме на анализи кои ќе бидат презентирани низ отворениот дијалог во кој ќе учествуваат и здруженијата на пензионерите и други заинтересирани страни како и надлежните институциите на Владата“, нагласи премиерот Ковачевски во својата изјава.
Тој додаде дека...
Post Views: 6
Меѓународниот ден на театарот – 27 март, денеска низ светот ќе се одбележи со претстави и читање на пораките за сценската уметност. Француската филмска и театарска глумица, 64-годишната Изабел Ипер е автор на светската порака, а македонската порака ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер, уметнички директор на Народниот театар од Битола.
– Додека ви се обраќам, јас не сум јас, не сум актерка, јас сум една од многуте луѓе благодарение на кои театарот постои. Тоа е и наша должност, но пред сè наша потреба; како се вели: „Не постои театарот поради нас, туку ние...
Post Views: 7
Покрај останатите материјални ресурси потребни за брендирање на една земја како туристичка дестинација, огромно е и значењето од присуство на светски познати хотелски имиња.
За една туристичка дестинација да биде брендирана, односно препознатлива кај туристите, потребни се многу фактори. Во современите туристички токови, создавањето на една емотивна врска меѓу туристите и дестинацијата е она што одново ги тера туристите повторно да посетат одредено место, што всушност и претставува брендирање на самата дестинација. Голема улога во задоволувањето на од ден на ден се попребирливата...
Post Views: 4
Охриѓаните, Митко Укоески и Маријана Пипилева се млади луѓе кои од неодамна се дел од филигранскиот занает. Нивните вредни раце ја продолжуваат традицијата на врвните охридски мајстори во создавањето филигран. Трпеливо создаваат прекрасен сребрен накит како што се прстени, наушници, брошеви, ланчиња. Во занаетот се нашле сосема случајно. На нивната определба да се дел од филигранството секако влијание имале старите охридски мајстори на кои отсекогаш им се восхитувале, вели Митко Укоески.
„Oтсекогаш го сакав филигранот, ми беше интересен сплетот на тие ситни мали делови....
Post Views: 1
На светскиот ден на театарот 27 март, во ЦК „Григор Прличев“ премиерно во 20 часот ќе биде изведена комедијата на Бранислав Нушиќ, „Аналфабет“, преработена од младиот рисер кој работи во охридскиот театар Ѓорги Ризески. Директорот Горан Стојаноски ветува максимална забава од час и половина.
„Ове е една многу интересна комедија која веројатно луѓето ќе ги остави без здив од смеење. Сакам да напоменам декаво претставата се користат пиротехнички средства и дека не е дозволено за деца под 14 год“
Режисерот, Ѓорги Ризески, кажа дека дејствието на комедијата се одвива во една...
Post Views: 1
Најмалку 1.430 од 2.800 регистрирани компании на берзата се суспендирани од тргување додека пазарот продолжува со неверојатна флуктација, пренесува CNN повикувајќи се на државни медиуми во Кина.
Компаниите, воглавно мали и средни, очигледно покажуваат нервоза поради големите промени на вредноста на своите акции на берзата. Акциите на компаниите можат да бидат суспендирани од тргување со месеци, дури и години и сѐ е во рацете на регулаторот кој издава одобренија. Додека тоа го прават, компаниите можат да најдат некаква алтернатива од нестабилноста, но тоа само го одложува...