Завршија проекциите на документарниот филм за Белчишко блато

Завршија бесплатните проекции на едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“ кое Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид ги организираше во соработка со ТЗЦ „КАМ Вилиџ“.

 |   | 

Завршија бесплатните проекции на едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“ кое Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид ги организираше во соработка со ТЗЦ „КАМ Вилиџ“.

Неколку стотини охриѓани во текот на изминативе денови, уживаа преку филм во незаборавна прошетка низ природата од недопрените предели на блатото. Настанот го отвори претставник од општина Дебрца, Ангел Секулоски кој го нагласи значењето на овој уникатен екосистем и неговото прогласување за заштитено подрачје.

Радува фактот што интерес покажаа и најмладите охриѓанчиња кои имаа бројни прашања до организаторите. Тие заедно со посетителите имаа можност да вкусат и бројни локални специјалитети, меѓу кои и вкусниот белчишки комат.

Филмот е дел од кампањата која „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид ја спроведува за информирање на јавноста за процесот на прогласување на блатото која е во тек. Пролетва кампањата ќе биде засилена со разновидни активности, а процесот ќе биде крунисан со добивање статус на блатото на природно наследство – Парк на природата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top