Categories
Охрид

Започна изградбата на станови за охридските социјалци

Денес премиерот Никола Груевски  стави камен темелник на првата од двете згради кои ќе се наменети за граѓаните со помали лични примања. Становите треба да бидат готови  до 2010 год.

Денес премиерот Никола Груевски  стави камен темелник на првата од двете згради кои ќе се наменети за граѓаните со помали лични примања. Становите треба да бидат готови  до 2010 год.

Охрид за една година ќе добие 70 станови наменети за граѓани со помали лични примања. Денес се стави камен темелникот на  стамбена зграда во населбата „Расадник“ чиjа изградба ја финансира владата преку  Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор. Почетокот на изградбата свечено го oзначи премиерот Никола Груевски кој рече дека за еден месец во Охрид ќе започне изградбата на  уште една зграда со 72 станови наменети за социјални случаи. Двете згради треба да бидат готови до крајот на 2009 и почетокот на 2010 година. „На ваков начин целосно ќе го реализираме делот од програмата во кој е предвидена изградба на станови низ Македонија наменети за граѓаните кои имаат помали примања “, вели премиерот Груевски.

Денешната посета на Охрид Груевски ја искористи и за прошетка по археолошкиот локалитет Плаошник во придружба на директорот на проектот Паско Кузман. Тој изрази големо задоволство од динамиката со која се реализира проектот и потенцира дека до сега се оди по планот. Кузман пак пред Груевски се пофали со новите откритија на Плаошник.

Меѓу другото премиерот на денешната средба со новинарите најави дека владата е во интензивни преговори со мултинационална компанија која е заинтересирана за отварање фабрика во Охрид. Детали Груевски не сакаше да открива само кажа дека во неа ќе се вработат околу 1000 луѓе. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *