Заедно против Семејното Насилство

Локалната агенција за Развој од Струга работи на проект „Театар на потчинети“. Во него се вклучени трите општини Охрид, Струга и Вевчани. На синоќешната панел дискусија во Охрид недостасуваа клучните луѓе од одделот за родова еднаквост.

 |  Николоска Биљана  | 
излагач
izlagac

Локалната агенција за Развој од Струга работи на проект „Театар на потчинети“. Во него се вклучени трите општини Охрид, Струга и Вевчани. На синоќешната панел дискусија во Охрид недостасуваа клучните луѓе од одделот за родова еднаквост.

konferencijaЕмоционална болка и страдање, тивко и болно пропаѓање на семејството, кршење на човековите права се реални изрази со кои се дефинира семејното насилство. Деновиве актуелни се бројните кампањи што се организираат по тој повод. Вчера во Охрид  во организација на Локалната Агенција за Развој од Струга, се одржа панел дискусија за потребите од заедничко секторско делување во борбата против оваа појава.

„Според она што можеше да се слушне од присутните во врска со кампањата Заедно против Семејното Насилство, недостасува приоритет на работите“, вели Катерина Василеска од ЛАР Струга.

Целта на проектот „Театар на Потчинети“ е да се понуди креативен модел на справување со конфликти во семејството, нов начин кој ќе може да помогне да се променат предрасудите и стереотипите за домашното насилство.

„Проектот е во рамките на кампањата Заедно против Семејното Насилство во кој се вклучени трите општини Охрид, Струга и Вевчани, но бројот на претставниците од институциите кои се најповикани беше минимален “,вели Василеска.

Според податоците, на подрачјето на општина Охрид регистриран е следниов број на жртви на семејно насилство:

Во СВР  пријавени се 127,
во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи 58
во Шелтер центарот згрижени се 5 лица
во Основен суд има 11 предмети од кои ниту еден не се води под кривично дело.

Доколку овие податоци не се доволни показатели дека семејното насилство е присутно меѓу нас, неразбирливо е зошто претставниците од релевантните институции пред камера не сакаа да коментираат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top