Categories
Охрид

Забрането движење низ македонските шуми од надлежното министерство

Причина за забраната се високите температури и зголемување на ризикот од пожари. Таа не се однесува за делот од Националниот парк Галичица низ кој минува патот кон Св. Наум. Забрана за движење во шума или во одделни нејзини делови – изрече Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Причина- се високите температури, а со тоа и опасноста од појава на шумски пожари. Исклучок од оваа забрана е западниот дел од Националниот парк Галичица, низ кој минува патот кон Св. Наум. „ Забраната не може да се однесува на западниот дел, каде е регионалниот пат кон плажите. Ние, проценавме каде е критично за појава на пожари. Не може да се избегне фактот дека поголемиот број од нив се намерно предизвикани“, вели Наумче Новески, од НП Галичица.
Потегот над селото Велгошти и месноста Два јавори- се дел од критичните точки во рамки на НП, каде постои висок ризик на појава од пожари и каде- доколку се појават, тешко би се локализирале.
Движења во овие делови од паркот, можни се само со специјални дозволи.
„ Тука ќе се оди според забраната, но со ограничување. Движења за рекреативни цели може да има, но со псецијални дозволи“, потенцира Новески.
Од НП Галичица велат дека нивните служби вршат засилени контроли во текот на целиот ден.
За непочитување на одредбите од забраната, на правните субјекти ќе им се изрекува глоба од 12. 000 до 20. 000 евра. За физички лица, казната изнесува од 1. 000 до 2. 000 евра.
Забраната ќе трае заклучно 30 септември 2008. Во зависност од временските услови, можно е нејзино продолжување или прекинување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *