Categories
Охрид

За само два дена, во Охрид четиринаесет сообраќајки

Екот на туристичката сезона и големиот број гости дополнително го зголемија сообраќајниот метеж во градов. Само во текот на двата дена од изминатиов викенд, евидентирани се 14 сообраќајни незгоди. Меѓу нив, три со посериозни последици.

Екот на туристичката сезона и големиот број гости дополнително го зголемија сообраќајниот метеж во градов. Само во текот на двата дена од изминатиов викенд, евидентирани се 14 сообраќајни незгоди. Меѓу нив, три со посериозни последици.

Вчера, во 17 часот и 15 минути, на патеката од х.Метропол се случила сообраќајна незгода во која учествувале велосипед со мотор и лицето Р.М. роден 2004 година од Скопје, кој како пешак се движел по патеката. Во него удрил возачот на моторциклот кој веднаш го напуштил лице местото. Пешакот, се здобил со тешки телесни повреди, односно со скршеница на десната клучна коска. Од СВР Охрид информираат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на возачот на велосипедот со мотор.

Еден час подоцна, во 18 часот и 20 минути, на регионалниот пат Св.Стефан-Охрид кај населбата Рача, се случила тешка сообраќајна незгода во која учестувале патничко моторно возило марка ,,Голф,, со скопски регистерски таблици и моторцикл марка ,,Пјаџо,, . Во незгодата лицето З.И. род. 1983 година, кој моторциклот го управувал со неприлагодена брзина и кој изгубил контрола, се здобил со скршеници на две градни ребра и потрес на мозокот. Истиот веднаш е префрлен во Болницата ,,Св.Еразмо,, каде е задржан на лекување..

На ден 18.о7.2008 година, во 04 часот кај хотел ,,Парк,, се случила сообраќајна незгода во која учествувал моторцикл марка ,,Хонда,, без регистарски таблици управуван од лицето Т.Ф. роден 1982 година во Охрид. Истиот, заедно со сопатникот Е.П., родена 1988 година од Скопје, се здобиле со лесни телесни повреди и се задржани на лекување во Општата болница во Охрид. Причина за незгодата е неприлагодена брзина и управување под дејство на алкохол. Возачот на моторциклот е исклучен од сообраќај.

Во другите случени сообраќајни незгоди на подрачјето, предизвикана е поголема материјална штета, а причина за незгодите е управувањето со неприлагодена брзина спрема условите и состојбите на патот, губење на контрола над возилото, недржење страна на движење, управување со неосветлено возило, изведување дејствија на коловозот и сл. Против сторителите на казнените дела ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *