Categories
Охрид

Во аптеките, нема трага од лековите со референтни цени

Со новите  измени, пациентите ќе може да бираат од кој производител ќе го купат лекот. Фармацевтите кои имаат склучено договор со Фондот добиле само прирачници.

Засега нема ништо од најавуваниот поволен начин, за  осигурените пациенти при купување на лекови со референтни цени. Со измените пациентите ќе може да го изберат производителот од кој ќе го купат лекот. Доколку има разлика од референтната цена до големопродажната на избраниот лек, пациентите сами ќе ја надоместуваат. Од аптеките велат дека сеуште не добиле лекарства  според новиот начин на издавање. Единствено добиле прирачници на референтни цени на лековите кои треба да ги применат во идното работење.

Иако од 1 август,  фондот за здравствено  осигурување требаше да стартува со референтните цени за сите лекови, од листата на лекови кои се на нивни товар, во аптеките не може да се добијат медикаменти.
Аптекарите се предпазливи во издавањето лекови бидејќи не добиле бандероли. Причина за ова  стравување е од евентуални грешки при издавањето на нереферентни фармацевтски средства. Велат во тој случај нема кој да им ги покрие загубите.

Одговор на прашањето кога лековите со референтни цени ќе се најдат во аптеките, не добивме поради годишните одмори на одговорните лица од републичкиот и општинскиот фонд за здравствено осигурување

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *