Categories
Охрид

Тече втората фаза од тендерот за давање под концесија на охридскиот аеродром

Министерството за транспорт и врски одржа состанок со претставниците на 4 компании- квалификувани за учество во втората фаза од тендерската постапка.

Министерството за транспорт и врски одржа состанок со претставниците на 4- те компании кои се квалификуваа за учество во втората фаза од тендерската постапка за издавање под концесија на охридскиот и скопскиот аеродром.
Заинтересираните компании, своите понуди до надлежното министерство, треба да ги достават најдоцна 25 август.

По добиените тендерски документации, Комисијата за спроведување на тендерската постапка, ќе изврши евалуација и ќе го одбере прворангираниот понудувач кој ќе биде предложен до Владата на РМ. Владата потоа треба да го изврши конечниот избор на најповолниот понудувач.
Инаку, распишувањето на меѓународниот тендер е со цел модернизација на аеродромите, како и подобрување на нивната техничка и финансиска сотојба. Според Директорот на охридскиот аеродром, Борис Стефаноски, земањето на аеродромот под концесија ќе придонесе за осовременување на аеродромот, како и повеќекратно да се зголеми бројот на патници.

Меѓу другото, на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле се предвидува реконструирање и на постоечкиот паркинг, изградба на пречистителна станица, набавка на нови патролни и противпожарни возила, како и набавка на нова опрема за аеродромот да функционира согласно меѓународните стандарди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *