Categories
Охрид

Вработените во „Прокредит“ банка повторно го чистат Охрид

Вработените на „Прокредит“ банка, од филијалата во Охрид,  денес го чистеа стариот дел на градот.

Вработените на „Прокредит банка“, со подршка од еколошките друштва, активот на жените пензионерки и Комуналец чистеа од потегот на Горна порта до Плаошник. Освен почиста околина, целта е да се подигне еколошката свест на граѓаните. Тие велат барем кај стотина граѓани да ја разбудиме свеста ќе бидиме задоволни, а акцијата ќе биде успешна.

Тие одбраа да чистат кај Горна порта, Самоиловите тврдини и Плаошник, бидејќи овие локации,  важат за едни од најпосетените во градот, од страна на туристите, но и од самите охриѓани. Целта на акцијата, насловена како „Штеди ја природата“ , е да се подигне еколошката свест кај граѓаните, вели Марија Петровска Стојчевска, заменик раководител на филијалите во Охрид на „Прокредит“ банка.
 
Во чистењето, на вработените од „Прокредит“ банка, им се придружија и од ЈП Комуналец, еколошките друштва Јагода и Грашница, но и од Здружението на пензионери на Охрид и Струга и тоа активот на жените пензионерки. Од таму, велат дека оваа акција е една од многуте  во кои тие учествувале. Ружа Балеска, претседателката на здружението на жените пензионерки се надева дека вакви акции, летово, ќе се организираат почесто и апелира во нив што помасовно да се вклучат и граѓаните.
  
Инаку ваква акција беше организирана и пред две недели кога се чистеше делот кај  Билјанини извори и Градска плажа. Од „Прокредит“ банка најавуваат дека и во иднина  ќе бидат  реализирани слични вакви акции на други локации во градот и околината.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *