Categories
Охрид

Се возобновува женската пејачка група Ахрида

Идејата е таа да прерасне во градски хор. На потег се охриѓанки – аудицијата е во тек.
Идејата на диригентот  Билјана Малезанов и Центарот за култура да се  возобнови  на женската пејачка група Ахрида станува реалност. Во тек е аудиција за прием на членови во  пејачката група.Пожелно е да е јават жени со позрели гласовни можности, а на репертоар ќе се најдат старогрдаски песни од поднебјето на Охрид вели диригентот Билјана Малезанов.

Во Охрид во моментов не постои мешан градски хор,но затоа мошне успешно работи машкиот камерен хор под раководството на Наум Гаврилоски и диригентот Билјана  Малезанов. Идејата е во иднина да се спојат двата хора и да се раздвижи културното живеење во градот ,а воедно и да се промовира културата и надвор од земјата,додава Малезанов.

Во работата на хорот покрај, Гаврилоски и Малезанов се вклучува и хармоникашот Лазе Танески. Возобновената Ахрида ќе негува староградски мелос од охридското поднебје. Се планира пејачката група  да учествува на престојните Oхридсkи староградски средби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *